Шах мат позиција за власта: Оставка на Заев значи и оставка на Владата – мора да има мандатар со 61 пратеник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проширувањето на парламентарното мнозинство и промената на владиниот кабинет, вклучително и премиерот, не можат да завршат пред крајот на декември. Повикувајќи се на уставните рокови, од оставката на Владата до изборот на новата влада, потребни се најмалку 40 дена. Како за почеток, предлогот на нов мандатар и промената на владиниот кабинет, ја праќа Владата во оставкаНа оваа постапка и претходи оставка на премиерот, пренесува Алсат.

Според член 93 од Уставот, доколку премиерот поднесе оставка, целата Влада поднесува оставка. Откако ќе биде констатирана оставката, се отвора пат Собранието да го извести претседателот кој има рокови до кога треба да го даде мандатот на кандидатот кој ќе обезбеди најмалку 61 потпис.

Устав, член 90

„Претседателот има должност да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во Собранието, во рок од десет дена од денот на конституирањето на Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, ја презентира програмата до Собранието и го предлага составот на Владата“.

Истата процедура се применува и во случај доколку премиерот одлучи да смени најмалку 1/3 од владиниот кабинет, односно 6 министри. Во овие случаи, Собранието постапува како при изборот на новата Влада, што значи дека на кандидатот за премиер му треба мандат, владина програма и излагање пред пратениците.

Устав, член 94 :

„Доколку премиерот предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првичниот состав, Собранието одлучува како да избере нова влада“.

По истекот на 10-дневниот рок за доделување на мандатот и 20-дневниот рок за презентација на програмскиот и владиниот состав во Собранието, законодавецот го определува рокот за свикување на седницата во рок од 15 дена во која треба да се избере новата влада. За програмата на мандатарот и предлогот за составот на Владата, Собранието држи расправа која трае најмногу два дена. Изборот на Владата мора да се направи со најмалку 61 глас „за“. Досегашните практики од земјата и регионот докажуваат дека извршната власт може да биде функционална и без минимално мнозинство, или инаку позната како малцинска влада. За разлика од земјите од регионот каде оставката на премиерот или на Владата автоматски значи и предвремени парламентарни избори, во Северна Македонија Уставот овозможува обновување и доверба на мандатот на вториот кандидат за формирање Влада.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This