April 28, 2024, 11:59 am

Швeдcкa зaбpaни влeз зa пaтници oд Србија и Албанија бeз oглeд нa пoтвpдaтa зa вakцинaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведска воведе забрана за патници од Србија, која ќе важи од 20 септември, без оглед на потврда за вакцинација или прележан коронавирус.

Шведската влада усвои сет амандмани со кои се менуваат правилата за влез во земјата. Забраната за влез ќе биде воведена за земјите кои се изложени на висок ризик поради големиот број на луѓе заразени со коронавирусот.

Освен Србија, беше одлучено граѓаните на Албанија, Ерменија, Азербејџан и Јапонија да не можат да влезат во Шведска од 20 септември.

Граѓаните на Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Ватикан и Украина во моментов се ослободени од оваа забрана, но ќе мора да направат тест за коронавирус на самиот аеродром.

Според препораките на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот сертификат за коронавирус на ЕУ.

Обединетото Кралство е на листата на чекање, но најавено е дека прашањето за патниците од Велика Британија ќе се реши наскоро.

Шведската влада ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата со коронавирусот во целиот свет, а правилата постојано подлежат на промени, беше денеска објавено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This