ШЕИЦИ, ПРИНЦОВИ И УРБАНА МАФИЈА: Дојде „живот“ за урбаната мафија во Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку дена по превземањето на градоначалничката фукција во Охрид, СДСМ започна да го исплатува долгот кон урбаната мафија во градот.

Само неколку дена откако ја превзеде градоначалничката функција во Охрид, градоначалникот Јован Стојаноски и СДСМ започнаа со реализација на „програмата за живот“.  Први на листата за враќање на долгот за добро одработениот изборен инжинеринг се урбаната мафија и локалните  градежни шерифи кои дадоа особен придонес за поткупување на гласачи во Охрид.  Локалните медиуми и портали кои се блиски до СДСМ се “слепи“ на ваквите случувања за разлика од минатото кога секојдневно објавуваа информации од “невладини организации“за тоа како во Охрид владеел урбан хаос. Пред некој ден Стојаноски имаше средба  со извесен катарски шеик кој бил заинтересиран за градење на луксузни хотели на охридското крајбрежје. На оваа реагираа од граѓанската инцијатива “Охрид  СОС“ кои се спротивставија на нетранспарентното работење на градоначаникот.

 

“Само што седна на новата функција, еден од првите гости кои ги прими Проф. д-р Јован Стојаноски – градоначалник на општина Охрид беше катарскиот шеик. Според написот во прилог, се најавуваат луксузни хотели. Звучи познато? Не се сеќаваме дека вакво нешто стоеше во предизборната програма. На страница 28 од програмата, стои заглавие „Модерен туризам“, а дополнително во текстот пишува дека „планот предвидува неколку клучни стратешки промени кои ќе го обележат туристичкиот развој на Охрид. Станува збор за промена на туристичкиот карактер каде би се внесле здравствениот, спортскиот, „wellness“ и „incentive“ туризам, со цел градење на силен и препознатлив бренд кој има сила да го позиционира Охрид како препознатлива и посакувана дестинација на туристичкиот пазар“. Не гледаме некаква промена во најавените намери на шеикот. Дополнително, прашуваме, кои се тие локации кои му се понудени на шеикот? Според кои параметри се избрани? На мапата која се презентира на една од фотографиите од средбата (објавени во медиумите), кој план е тоа, во која урбана зона? Бараме вклучување на сите жители на општина Охрид, бараме транспарентност, пред да се носи било каква одлука, таа да е исфилтрирана на повеќе нивоа. Да се види за каков предлог-проект станува збор, какво ќе е влијанието врз животната средина, дали населението ќе е повторно само евтина работна сила? Која е улогата на вработените од Министерство За Земјоделство, Шумарство И Водостопанство Пе Битола на средбата? Вака, на овој начин, ветувањата како да испаѓаат лажни, се пишуваше едно, а веќе на самиот почеток се форсира нешто друго, кое, ако добро се сеќава јавноста, беше оспорувано од членовите на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Или сега, кога се на власт, можат да го прават истото?! А градоначалникот беше подготвен да ја потпише платформата која ја понудивме во предизборниот период. За потсетување, на почетокот на програмата е издвоена следната изјава на сега веќе избраниот градоначалник: „Се обврзувам посветено да работам за моите Охриѓани со полна енергија, гордост, чесност и да ги задоволам сите Ваши желби и барања, стои во објавата на „Охрид СОС“.

На Фејсбук реагираат и граѓаните кои се затекнати од ваквите проблеми и дивеењето на урбаната мафија и прашуваат дали ова е животот кој се ветуваше.

 

-Градење без дозвола за градба, ама со дозвола од самоименуван градски шериф-криминалец, на кој никој не можел да му кажит шо да прајт. Криминалот во Македонија веќе долги години е над законот. А добронамерните меѓукомшиски совети се решавет со закани. Не сум архитект ниту градежен инженер (па добредојдени се да ме попрает ако грешам) ама ќе си земам право да коментирам. Се користит 100% од земјиштето за изградба на станбена зграда на место на кое немат дозвола за градба, ДУП за 5та урбана единица не е одобрен, комшиите не даваат согласност за градба и згора на се, не се почитуват правилото за оддалеченост од туѓиот имот и соодветниот простор за паркинг (зато шо нели зграда се градит).
Сакам да го повикам новиот градоначалник на општина Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски – Градоначалник на општина Охрид да се заинтересират за општината за која вети дека ќе се залагат и ќе раководит според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште не бил достапен за проблемите на граѓаните.
Уште сакам да ги прашам почитуваните пратеници и претставници на Општина Охрид во новата влада Tomislav Tuntev и мојата професорка Zaklina Lazarevska дали со продолжување на владеење на анархија, самоволие, криминал и корупција планирате да го вратите животот во Македонија? Дали не мислите дека со ваква негрижа, само ја зголемвите гневноста на граѓаните? А то добро знајте дека не водит кон враќање на младите во Охрид. Дали и понатаму граѓаните ќе бидет битни само за гласој пред избори?
И ко за крај сакам да го прашам началникот на СВР Охрид Сашо Смилески дали сакат да ја искористит својата надлежност и веројатно моќ над криминалот и шерифизмот и да ја заприт изградбата на дивоградбата на ул. Стив Наумов или пак се работит за корупција и лични интереси?  Министерство за животна средина и просторно планирање дали испланиравте да бидите исти ко и тие на чии фотељи седнавте?, стои во една од реакциите на граѓаните.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This