НАРОДНИ ПАРИ ЗА СТРАНСКИ СОВЕТНИЦИ: Тројца советници за британска плата ќе го советуваат македонскиот Парламент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарен советник за финансиски надзор, парламентарен советник за комуникации и односи со јавност и парламентарен советник за човечки ресурси се трите места во македонскиот Парламент за кои британската Вестминстер фондација за демократија објави конкурс. – пишува порталот Денешен.мк

Овие тројца советници ќе бидат ангажирани во рамките на проектот „Поддршка на реформата на македонскиот Парламент“, кој од септември годинава го спроведува Вестминстер фондацијата со поддршка на британската амбасада во Скопје. Целта на проектот, како што стои на веб-страницата на Фондацијата, е да се постават основи за долгорочна поддршка на македонскиот Парламент преку давање помош за проценка на капацитетот за човечки ресурси, во стратешко планирање и развојни препораки за подобрување на механизмот за финансиски надзор, како и за транспарентност и одговорност.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери појаснуваат дека овој проект е во рамките на Меморандумот за разбирање што во септември го потпишаа тој, британскиот амбасадор и претставник на Вестминстер фондацијата  и дека за целиот ангажман на советниците е одговорна Фондација која ги избира на конкурс и за нив обезбедува плата. Оттаму додаваат дека тројцата советници ќе бидат ангажирани во собраниските служби, а не во кабинетот на Џафери.

Сите тројца советници ќе бидат ангажирани за период од шест месеци, а месечната плата ќе им биде 1.000 фунти или околу 1.100 евра и ќе им ја дава Фондацијата.

Нивната работа ќе биде да ја поддржат работата на кабинетите на претседателот на Собранието, на генералниот секретар и на комисиите. Финансискиот советник ќе треба да ја проценува финансиската контрола во Собранието и да ја олеснува комуникацијата меѓу Собранието, релевантните министерства, Државниот ревизор и други институции, а ќе соработува и со Парламентарниот институт.

Советникот за комуникации ќе ги поддржува експертите кои работат на интернет страницата на Собранието, на комуникацијата на социјалните мрежи, а покрај другите задачи, ќе треба да подготви и организира обука на собранискиот персонал за користење на социјалните мрежи и ќе им помага на кабинетите на спикерот, генералниот секретар и на комисиите да „допрат“ до различни заедници и организации.

Изработката на новиот стратегиски план на Собранието и работниот план за 2018 година ќе биде една од задачите на советникот за човечки ресурси.

Очекуваните резултати од проектот се поголемо знаење, свесност и информации за менаџирање на човечките капацитети, стратешко планирање и подготовка на буџетот на Собранието, засилување на финансискиот надзор и поголема отвореност и транспарентност во внатрешните и надворешните комуникации.

Инаку, Вестминстер фондацијата за демократија работи во Македонија уште од 2008 година на програма за поддршка на различни аспекти од работата на македонското Собрание.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This