Шекеринска потврди: Армиски претставник е одбиeн за безбедносен сертификат од НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полковник Зоран Секуловски и по една година од номинацијата за воен претставник на земјава во НАТО не е заминат за Брисел, објави неодамна „360 степени“

„За три групи до четириесетина луѓе од Министерството за одбрана и од Армијата е започнат реветингот или ресертификацијата. Дел од нив добиле безбедносни сертификати од НАТО, за дел процедурата е во тек, а само еден претставник е одбиен“, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на лесниот Пешадиски батаљон во Штип.

„Не сме ние тие што ги соопштуваме и образложуваме тие одлуки. Тоа е дел од работењето на една поширока алијанса. Чекаме процесите да завршат и, се разбира, водиме разговори со кабинетот на Претседателот околу одлуката за наш воен претставник“,вели Шекеринска.

Министерката за одбрана денеска не го спомена името на одбиениот старешина, но индиректно потврди дека станува збор за полковник Секуловски со оглед на тоа што рече дека се во тек преговори со кабинетот на шефот на државата за нов воен претставник во НАТО.

„На воено ниво навистина сме многу сериозно претставени во рамките на НАТО и тој процес ќе го финишираме и со воен претставник. Меѓутоа, има многу работи, кои не зависат само од нас. Очекувам на 15 јануари нашиот амбасадор, Дане Талески, веќе да замине за Брисел и тоа ќе биде многу важно за функционирање на нашата мисија таму“, рече Шекеринска и додаде дека доделувањето безбедносни сертификати е одложено поради пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This