Шекеринска призна била во домот на Боки 13, зборела за законот за Јавно обвинителство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше зошто не може да се донесе законот за јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии, кажа денес Радмила Шекеринска.

Ова е нејзино прво признание за снимката од која се гледа како министерката седи во опуштена домашна атмосфера со сега веќе осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13, кои се осудени за рекетирање бизнисмени.

Снимката, тврди Шекеринска, е пред случајот Рекет да пукне во јавност. Инаку во Рекет јавноста виде како Боки 13 носи ташна Луј Витон полна со изрекетирани милиони.

Случајот доби своја судска разрешница, откако во јавноста стана преголем притисокот врз власта. Пред нецел месец, на завршното рочиште од Рекет, кога беа и осудени Боки 13 и Катица Јанева, Боки 13 кажа дека ташната со рекетираните милиони завршила кај Зоран и Вице Заев.

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Posted by Рекет.мк on Thursday, June 18, 2020

Веднаш потоа во јавноста излезе снимка од која се гледа како во домот на сега веќе осудените седи Радмила Шекеринска, министер за одбрана и вицепремиер во владата.

Нејасно е што зборувала Шекеринска со Боки 13 и Јанева, и дали се тие личностите со кои се водела државната политика?! Дополнително дали истата знаела за Рекет, додека истиот бил во тек?!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This