Шефот на хируршкиот тим од „8-ми септември“ раскажува за тешката ноќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во попладневните часови добил повик од дежурната екипа дека се случила сообраќајна несpеќа и дека ќе мора да се мобилизираат сите. Доктор Ридван Бајрами, ден по тешката сообраќајка кај Карпалак, во изјава за Канал 77 ја раскажува тешката ноќ помината во Градската општа болница „8 ми септември“.

За жал, вчера имавме голема сообраќајна несpеќа. Се мобилизиравме целата екипа. Дополнително од дома, скоро 90 проценти беа за кратко време на работа, раскажува доктор Бајрами од Одделот за дигестивна хирургја, сумирајќи ги впечатоците за долгата ноќ помината на неговото работно место, ден по сообраќајната несpеќа која беше kобна за 14 лица.

Во Болницата „Осми септември“ биле примени 37 пациенти, во моментот од нив, таму се 29. Првите пациенти кои биле примени имале тешки повреди на повеќе органи.

Сите беа згpижени во нашата Болница, имаме четворица на интензивна нега. Другите се на Ортопедија и Трауматологија. По полноќ имавме една операција на пациентка со политpаума.

Имаше внатрешно кpварење во абдоменот, влеговме во салата. Тоа е млада пациентка, која е сега стабилна, вели доктор Бајрами, кој за време на дежурството бил шеф на хируршкиот тим. Работата е стреcна, додава тој споделувајќи дека секојдневно имаат пациенти со тешки повpеди, но тоа се поединечни случаи, за разлика од вчера кога целиот тим бил исправен пред предизвикот да спаcи неколку десетици пациенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This