April 28, 2024, 10:53 am

ШЕЌЕРИНСКА БАРА ПОСЕБНИ СОВЕТНИЦИ: Вчера распишан оглас , А СОВЕТНИЦИТЕ ВЕЌЕ СЕ ВО КАБИНЕТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца посебни советници кои ќе бидат вработени во нејзиниот кабинет бара со вчера распишаниот оглас новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Огласот е распишан за еден советник од областа на надворешната политика и еден советник за прашања од областа на правните работи. Во него е наведено дека основната нето- плата на советниците ќе изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари. Неофицијално, едниот советник е веќе познат, пишува Дневник.

– Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Вработувањето на советниците трае најдолго до истекот на мандатот на министерот за одбрана на Република Македонија – се наведува во објавениот оглас.

Новите вработувања се прават во ситуација кога во Министерството за одбрана има вкупно 597 вработени лица. Инаку, бројот на воен и цивилен персонал во служба на Армијата на Република Македонија изнесува вкупно 7.405 лица. Според сознанијата, од страна на НАТО досега неколку пати бил укажувано дека постои превработеност во Министерството за одбрана, при што за оптимална бројка се наведувала потребата од речиси 400 вработени лица, пишува весникот.

Инаку, во објавените критериуми за советник од областа за надворешната политика се наведува дека е потребно тоа лице да има завршено најмалку високо образование, искуство во работата со владините и невладините организации и да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија. Советникот за правни работи, пак, треба да има и положен правосуден испит, положен нотарски испит или положен испит за извршител и најмалку 5 години работно искуство.

– Kако посебни услови за работа во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување итни и неодложни работи – се наведува во објавениот оглас.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This