ШЕЌЕРИНСКА ПРИЗНА ДЕКА СДСМ ГИ МАНИПУЛИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ: Владата предводена од СДСМ нема решение за брзо справување со загадениот воздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерката на Република Македонија, Радмила Шекеринска во синоќешното издание на емисијата Клик Плус на Телевизија 21, изјави дека владата предводена од СДСМ нема решение за брзо справување со загадениот воздух или како што таа изјави не постои еден куршум за тој проблем.

Шекеринска со оваа изјава призна дека СДСМ ги манипулираше граѓаните на Република Македонија пред изборите, ветувајќи нешто што неможат да го реализираат.

Власта не може да го реализира ветувањето за чист воздух кое беше едно од нивните ударни ветувања од изборната кампања. Од нејзиниот одговор произлегува дека властите наместо за реално решавање на проблемите времето го трошеле на бирократски механизми.

– Со загадувањето тоа е процес кој бара многу време. Гледаме дека е товарот најголем врз градоначалниците, но и како влада тргнавме формиравме за прв пат едно централно владино тело чија што исклучива задача е заедно со министерството, со управата да дава и конкретни предлози.  Меѓутоа не постои што велат еден куршум за тој проблем, вели Шекеринска.

Изјавата на Шекеринска е сосема во спротивност со тоа што го изјавуваше СДСМ додека беа опозиција. Имено сегашната власт во текот на изборната кампања манипулираше со граѓаните ветувајќи експресно решавње на проблемот со загадувањето, велејќи дека истиот може брзо да се реши и тие кога ќе дојдат на власт ќе спроведат итни мерки за чист воздух за сите граѓани на Република Македонија.

За време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2016 година, Пеце Мирчевски,  претседателот на партиската комисија на СДСМ за животна средина и просторно планирање изјавуваше дека со промената на власта ќе се намали загадувањето на воздухот. Мирчевски тогаш велеше дека граѓаните имаат право на чиста и здрава животна средина и по 11 декември тоа ќе им го овозможеле.

Од ова уште еднаш се потврдува дека СДСМ едно ветува во кампања а друго прави кога е на власт. Се потврдува и фактот дека СДСМ излажа и никогаш немале намера да го решат проблемот со загаденоста туку тоа им беше уште една манипулација со граѓаните за да дојдат на власт.

Скопје секојдневно се наоѓа на листата најзагадени градови во светот. Загаденоста руши рекорди, а власта не презема ништо.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This