ШИЗОФРЕНИЈА ИЛИ ПАРИ: Што говореше Фрчковски за името во минатото?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашето паметење, сета наша историја, антропологијата на идентитетот се поврзани со името. Не смеат да ни ги земат паметењето и самоидентификацијата, пишува Љубомир Фрчковски во своја колумна објавена не многу одамна. Што го натера Фрчковски да заборави на својот пишан збор и да го промени својот став, здравствени проблеми или пак кеш?

 

Правдата без паметње е нецелосна правда, лажна и неправедна. Затоа нам ни е неопходно како на жеден вода, решавање на прашањето со нашето име на единствен и недвосмислен наин со негово целосно признавање во меѓународната заедница, вели тогаш Фрчковски.

И повторно го поставуваме прашањето, што го натера Љубомир Фрчковски да го промени својот став?

 

Денес професорот размислува сосема различно, тој вели дека Македонија може да живее со префиксот „северна“ и вели дека никогаш не станувало збор само за идентитетот. Според сегашните размислувања на Фрчковски, Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура. Како што вели тој ,самата држава е релативно млада, бидејќи по Втората светска војна Титовата Југославија ја создава Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес, промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет

 

Ова видео можеби е најдобро објаснување како Фрчковски го менува ставот. Во видеото Фрчковски најпрво говори за исплати кои треба да ги добие, за потоа да објасни како треба да се тера  медиумската пропаганда за двојазичноста на цела територија на Република Македонија. Очигледно на истиот овој начин тој го менува мислењето и по однос на спорот за името.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This