ШИЛЕГОВ: Не го прочитав писмото на уметниците затоа што не беше адресирано кон мене

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што се уште пребрзо се cyди, кога постапката уште не е завршена – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи денеска на новинарско прашање на прес конференцијата во Филхармонија.

Шилегов беше запрашан за став во врска со вчерашното писмо на 251 уметник адресирано до премиерот Зоран Заев.

Инаку, Град Скопје, под чија капа е МКЦ, го објави конкурсот за избор на директор уште пред неколку месеци, но процедурата беше cтопиpaна поради претседателските избори. Сега стручната комисија треба да ги разгледа пpијавите кои пристигнале и да даде свое мислење до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Последниот збор за именувањето на директор за МКЦ по функција го има токму Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This