April 28, 2024, 12:22 pm

ШИЛЕГОВ НЕ СЕ OTKAЖУВА ОД ,,МЕГА ПРОЕКТОТ”: Градот повторно распиша тендер за зиплајнот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје по втор пат распиша тендер за проектирање, набавка и изградба на надворешни содржини за спорт – реализација на ЗИПЛАЈН жичницата, откако на првиот тендер немало ниту една прифатлива понуда.

Зиплајнот се планира да тргнува од под Музејот на современа уметност на Кале, да оди преку реката Вардар и да заврши на кејот на реката Вардар во кај Градскиот стадион.

Предвидена е изградба на две челични конструкции со влезни и излезни станици, зиплајн конструкција со сајла во должина од 400 метри, сета потребна опрема (појас-прицврстувач, шлем, карабинери, кочници, ченти, ракавици, метална рамка… ), како и дополнителна опрема за спуштање од 12 парчиња. Како дополнителна придружна урбана опрема се два контејнера со димензии 6х3 метри, за соблекувални и шкафови за најмалку 15 корисници.

Заинтересираните кандидати за јавниот повик, своите понуди треба да ги достават, најдоцна до 8 јули 2019 година, во 13 часот, кога и ќе се спроведе нивно јавно отворање. Изборот на најповолен понудувач ќе се изврши со спроведување на електронска постапка по пат на електронска аукција.

Целта на овој проект е да се овозможи спортско-рекреативна содржина и развој на алтернативниот туризам во Скопје.

Јавната набавка е со проценета вредност од 5,6 милиони денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This