Шилегов потврди: Немаме проблем да има премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во живо во вестите на ТВ21 посочи дека тие немаат проблем со тоа да има премиер Албанец, но вели дека тоа треба да биде со заеднички договор, а не со условување.

„Никогаш не била етничката припадност на било кој граѓанин пречка за остварување на било која функција или за поддршка од страна на СДСМ за извршување на било која функција, многу поспорен беше начинот на кој тоа се наметнува во целата кампања, меѓутоа јас повеќе сакам да го водам како дел од предизборниот настап на секоја политичка партија“, посочи Шилегов.

Тој додаде дека доколку имаме етнички Албанец како претседател на Собрание или министри и директори на сериозни функции коишто имаат етничка припадност која не е Македонец, тоа не значи дека постои ексклузивитет на местото на претседател на Владата да биде етнички Македонец.

„Убеден сум дека тоа е процес низ кој ние треба да дојдеме до договор, а не по пат на условување. Така некако наликуваше предизборието“, вели Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This