Шилегов почна да работи со Мијалков: Дел од плоштадот ќе стане паркинг за хотел Мериот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно дека акутелната власт ја продолжува и продлабочува соработката со екс директорот на УБК и бизнисмен Сашо Мијалков, односно „Мериот коалиција“.

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советницие на владејачката СДСМ на дневниот ред побараа гласање на точка со која што се овозможува проширување на паркингот на хотелот Мериот, хотел на кој еден од сопствениците е токму Мијалков.

По централната власт која му даде дозвола на Мијалков за отворање на 20-тина кладилници ширум државата, и локалната власт на СДСМ започна да соработува со него.

На хотелот Мериот ќе му се отстапи дел од површината околу објектот  во непосредна близина на плоштадот да ја користи како приватен паркинг за хотелот, а договорот допрва ќе биде потпишан.

Треба да се има во предвид дека на оваа локација се наоѓа најскапиот паркинг во градот Скопје кој чини 100 денари од час. Нејасно е зошто градот прави ваква голема отстапка во корист на приватен субјект.

Точката  беше експресно изгласана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This