Шилегов со навpeди за Александар Македонски за грчки ЕТНОС нajaви pyшење на неговиот споменик – Ќе го отcтpaниме и „КОЊОТ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад и ја охрабрувам Општина Центар да продолжи со политиката за отстранување на овие елементи, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов за грчки Етнос.

Тој додаде дека сепак тоа не е нешто што може да го побара бидејќи не е негова надлежност.

– Нема потреба да имаме специфичните градби во центарот на градот. Тие не се дел од нашата традиција, нашата култура. Нема смисла да се биде таму. Бескорисни се, рече Шилегов.

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години.

-Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун Константинос Зервос на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

За „Етнос.гр“, скопскиот градоначалник говори и за галиите и ја објаснува одлуката за нивното отстранување.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This