„Шпигeл“: Навални е пoдoбap, збopyвa, му ce вpaти и ceќaвaњeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неговите изјави може да бидат опасни за луѓето што стојат зад нападот, предупредува весникот во написот
Здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се подобри по труењето со нервниот агенс новичок и тој сега може повторно да зборува, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“.

Весникот наведува дека е засилена полициската заштита на Навални бидејќи се очекува тој да има повеќе посетители сега кога неговата состојба е подобра.

Според „Шпигел“, Навални повторно може да зборува, а може да се сети и на тоа како му се слошило.

„Неговите изјави може да бидат опасни за луѓето што стојат зад нападот“,

предупредува „Шпигел“.
Навални, кој е во болница во Берлин, беше префрлен со авион во Германија откако минатиот месец му се слоши за време на авионски лет во Русија.

Германија тврди дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок и дека целта била негово убиство, додека Русија смета дека нема докази дека Навални бил отруен и отвори истрага за случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This