- Advertisement -
На 27.11.2020 полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.В.(56) од Штип затоа што во 10:50 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип со возило се обидел да повреди полициски службеник при вршење службено дејство.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.