(Видео) Македонија е ова или Албанија?: Албанското знаме поставено на оградата на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанското знаме денеска беше поставено на оградата пред Владата како и пораки испишани на албански јазик. Засега не е познато кој го поставил знамето. Видеото и фотографиите на Фејсбук ги објави извесен Блерим Ахмеди.

Тој во постот наведува дека полицијата им забранила да се соберат пред Владата за да не дојде до судир со демонстрантите од протестот кој денеска го оддржа ВМРО-ДПМНЕ.

– Во нашата порака, испратена до Владата преку транспаренти, го доживеавме и задоволството да го развиориме албанското национално знаме, кое заслужува да остане во оваа земја – пишува Ахмеди на Фејсбук.

Инаку  Албанија денеска го прославува Денот на независноста и на албанското национално знаме.

ОД МВР велат дека проверуваат.

Posted by Blerim Ahmedi on Saturday, November 28, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This