Штип ќe дoбиe Сити Мол: Пoчнa изгpaдбaтa нa нoвиoт тpговски цeнтap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“, кај новиот Аква парк. Инвестицијата е 10 милиони евра на фирмата „Дик Фагус“ од Штип, а има потенцијал да отвори нови 250 работни места.

Сопственикот на фирмата „ДИК Фагус“, Горан Јордев истакна дека оваа фирма е во сопственост на „Пеком инжињеринг“, која 30 години успешно работи во Штип.

„Штип Сити Мол“ како проект го посветуваме на Штип, на регионот, на младите, на развојот и на убавата иднина. Проект, што ќе биде готов 2022 година и подразбира изградба на модерен бизнис центар со познати брендови на едно место и специфичен хотелскиот објект, којшто ќе биде огледало на квалитетот и дизајнот на нашите производи. „Штип Сити Мол“ ќе претставува двигател на економскиот развој во нашиот град и пошироко во регионот, вели Јордев.

„Дик Фагус“ изминатите 15 години растеше и нескромно ќе кажам дека сме лидери во дрвната индустрија и една од првите дизајн ориентирани компании, која својот производ надвор од Македонија го продаваат под своја име и како македонски производ, вели Јордев.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешниот свечен старт на инвестицијата „Штип Сити мол“ истакна дека Владата носи клучни одлуки со цел да помогне на бизнис секторот, но и да продолжат со инвестициите.

На свечениот почеток на изградбата на единствениот ваков мол на истокот присуствуваа и вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, потоа идниот градоначалник, Сашко Николов и бизнис партнери и пријатели на „Дик Фагус“ –Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This