Штипcкaта мoдулaрна бoлницa иcпoлнeта – aктивиpaно и Кoжнoтo oддeлeние

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти. Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА вели дека денеска имаат 45 пациенти во модуларната болница, а пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница. На оваа одделение имаат десет пациенти. Забележува дека брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена се совпаѓа и со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион.

-Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба.Триесет и тројца или околу 75 отсто од вкупниот број на пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка, вели Гајдарџиска-Шишкова.

Поради забрзаното полнење со пациенти во штипската модуларна болница, активирана е и модуларната болница во Кочани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This