April 27, 2024, 10:02 am

ШТО БИ РЕКОЛ ТУНТЕВ – УРИМЕ: Албанскиот државен комитет за малцинства го нарече македонското малцинство во Албанија, Славомакедонско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно дека договорот со Бугарија и договорот со соседна Грција за промена на уставното име го отвори патот за негирање на македонскиот идентитет и кај другите соседи, а особено фактот што и во двата капитулантски договори, македонската држава се откажа и писмено од македонското малцинство во соседството. Имено Албанскиот комитет за малцинства, македонското малцинство во Албанија го нарече Славомакедонско, поточно ваквата квалификација се најде на вебсајтот на институцијата од Албанија.

Откако на ова реагираше остро Македонското друштво со седиште во Тирана ,,Илинден’’, но не и македонската држава која веќе се откажа од македонските малцинства во соседството, како што се наведува беше корегирана грешката и наместо Славомакедонци сега повторно пишува Македонци.

– Комесарот за заштита од дискриминација со одлука број 149 а по наше барање, по инситуционален пат побара да се отстрани од веб страницата на државниот комитет за малцинства, во делот резервиран за влашкото малцинство, терминот Славомакедонци. Комитетот експресно реагираше на одлуката и сега стои Македонци, како што стои во отстапениот простор од сајтот за другите малцинства, изјави за МИА, претседателот на МД„Илинден“, Никола Ѓурѓај.

Никола Ѓурѓај истакна дека ова е уште еден успех на Македонците во напорите да се елиминираат навредите на нивнот достоинство и кршењето на нивните легитимни права. Да се потсетиме дека по доаѓањето на новата власт во Македонија, притисокот врз македонското малцинство во Албанија е огромен. Притисокот само се зголеми откако Македонија го потпиша договорот за добрососедство со Бугарија, а кулминираше со потпишувањето на договорот со Грција. Високи претставници на бугарската држава постојано се во посета на Македонците од Албанија, во мисија на поделба на државјанства и бугарски пасоши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This