„ШТО Е ГОСПОД НА НЕБОТО, ТОА Е КУМОТ НА ЗЕМЈАТА: Не може да се одбие кумството сине, голем грев е“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Спремај се сине викендов доаѓа кумашинот со синот на гости да те прашаат дали сакаш да им бидеш кум на свадба. Го погледнав чудно стариот, чекај малце па на кого сте ти и Ленче кумови не сум го видел ни чул човекот.
Внимавај тоа е света работа „Што е Господ на небото, тоа е кумот на земјата. Не може да се одбие кумството сине, голем грев е“. Занчи немој да слушнам дека си го одбил детето. Аман бе стари јас не го ни познавам ни се дружам како кум да му бидам. Зар треба традицијата да ја терам не разбирам? “

Кај нас кумот е многу почитуван, иако не е крвна роднина туку сродството се заснова врз духовна основа и почитување има големо значење. Дали треба да се задржат старите кумови или да се најдат нови?

-Мојот дечко има стари кумови, со кои слабо комуницира и се гледаат еднаш до двапати во годината.Тој и јас сакаме кога ќе правиме свадба да си имаме нов кум, наш другар со кој многу добро си живееме. Но постарите секогаш велат дека адет било и по правило требало да се прашат старите кумови, па тие ако не прифателе тогаш да се барало нов кум, вели Сања од Капиштец.

Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете. Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка.

-Ние сакавме кум да ни биде многу близок другар на дечко ми, ама старите кумови прифатија да не венчаат кога ги прашавме. Искрено, криво ми е за тоа, ама без благослов од стар кум не се венчавам, па што сака нека биде. И за тоа бев многу јасна. Не сум суеверна, ама имам слушано само лоши работи за тие што не го ни прашале стариот кум дали ќе ги венча или ќе им даде благослов да си одберат нов. И колку и да не верувам, кога ќе видиш дека буквално скоро сите завршиле со развод, или нешто друго се случило, не дај Боже, си велам што си е сигурно, ние да си прашаме. Знам дека кумство се прекинува, се бара нов кум ако семејството нема пород, т.е децата им умирале – така старите ми кажале. Не знам колку е тоа вистина, и некогаш, колку и да не сум традиционална, , некои работи едноставно не можам да ги занемарам, мозокот не ми дава, вели Даниела од Маџари.

Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А, денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството.

-Денес имаме можност за избор, да си го обликуваме животот како што сакаме и како што ни е удобно,така да ја кога правев свадба не го пршав стриот кум бидејќи моите одамана изгубил контакт со него. Не вечаше мој најдобар другар еве веќе 15 години сме во брак со сопругата и имаме 2 дечиња, вели Спасе од Козле.

Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сте одбиле да сведочите.

-Нашиот стар кум прифати да го продолжи кумството и не венчаше пред пет години. Првите две години беше присутен на повеќето прослави, но потоа се оддалечивме бидејќи немавме заедничка дружба. Многу ми е жал, бидејќи не се гледаме, но ете овој адет останал, но повеќето и не го почитуваат, во принцип секој треба да си прави што сака и како тој сам си замислил да биде венчавката, вели Маја од Аеродром.

Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.

Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.

Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.

Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето.

Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This