Што е следно дека не му е баба?: Сопругата на Макрон на судови ќе се докажува дека не е машко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

3-годишна истрага на францускиот Факти и документи (Faits et Documents) заклучува дека 68-годишната сопруга на Емануел Макрон, Брижит, е родена како машко. Од пред некој ден работата дојде до судови.

Информацијата е објавена во септемвриското издание на Факти и документи, според кое вистинското име на Брижит е Жан-Мишел Троњу. Од целата приказна веројатно единствен точен дел е Троњу, кое е моминското презиме на Брижит.

Целата работа повторно се актуелизираше откако новинарката која наводно ја истражувала сторијата, Наташа Реј, даде интервју од речиси четири часа на тема полот на Брижит.

Пред да биде избришано, видеото на Јутјуб е погледнато околу 470.000 пати.

Неколку дена подоцна хаштагот #JeanMichelTrogneux стана еден од водечките трендови на Твитер во Франција.

Иако првично ја игнорираше теоријата, по нејзиното неодамнешно воскреснување Брижит најави судски разврски околу ширењето на апсурдните гласини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This