Што ли нема да смислат -Камчев го пpивeлe за божемна избopнa измaмa?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од два часа по спроведувањето во полициска станица, на бизнисменот Јордан Камчев му е соопштено само едно – дека е приведен за божемна изборна измама, поради која наводно се подготвувал за бегство.

Од извори блиски на Камчев, дознаваме дека тој немал никака намера за бегство, што може лесно да се заклучи од некоки неспорни и лесно проверливи факти.

Бизнисменот Камчев не поседува пасош, а тоа значи дека не може легално да ја напушти земјава и да се даде во бегство. Од друга страна целото негово семејство, вклучувајќи ги и децата, е во Скопје.

Исто така, сопственикот на „Орка холдинг“ во моментов подготвува крупни инвестиции во Македонија, но и во Белград. Општо познато е дека тој буквално секој ден е ангажиран во менаџирањето на клиничката болница “Аџибадем систина” и особено на нејзиниот ковид- центар.

– Кој човек во таква ситуација и со тако активности би планирал бегство од земјата? – зачудено велат негови блиски.

Досега во медиумите беа објавени повеќе шпекулации дека спроведувањети на Камче во полициска станица е порзано со случаите „Империја““ и Плацеви на Водно“. Исто така, се шпекулираше дека АНБ имала цврсти информации дека тој се подготуввва за бегство. Дека сето ова веројатно е неточно, говори и тоа што на бизнисменот му било кажано дека е спроведен вво полиција поради некака изборна измама, за која тој не знае ништо.

Се ројат сомневања дека претставата со приведуввањето на Орце Камчев е изрежирана за да се покријат крупните и други скандали на власта, кои во текот на оаа недела неа обелоденувани буквално секој ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This