ШТО НИ НАПРАВИ ЗАЕВ: Румен Радев тврди дека Илинденско-Преображенското Востание е востание на бугарите во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот свет ден за македонскиот народ, уште еден удар пристигна од нашите ,,добри’’ соседи, Бугарија. Имено бугарскиот претседател Румен Радев на својот официјален Фејсбук профил објави скандалозен статус, кој што е резултат на уште еден предавнички чин кој го направи Зоран Заев, а тоа е потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, со кој се откажа од македонската историја и ја предаде на Бугарија. Радев на својот Фејсбук вели дека Илинденско- преображенското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување. Според Радев, Илинденското востание е востание на Бугарите од Македонија и Тракија кои се кренале во очајна, но достојна битка.

– Илинденското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување.

Со решителност и жртва, без надеж за помош однадвор, Бугарите од Македонија и Тракија се кренаа во очајна, но достојна битка за правда.

Бунтовниците го кренаа големиот кредо на нашата национална револуција – “Слобода или смрт”. Многумина паднаа во борбата затоа што знаеја и прифатија дека нивниот сопствениот живот е историска цена на слободата.

Ние ја почитуваме и не ја забораваме нивната жртва. Илинден нè потсетува дека слободата и историската вистина мора да се ценат и ревносно да се штитат, напиша бугарскиот претседател на својот официјален Фејсбук профил.

Ваквите ставови на високи бугарски претставници не се ништо ново, но нивната дрскост и арогантност достигнува нови нивоа откако Зоран Заев со договорот за добрососедство им ја предаде целата македонска историја од Самоил се до НОВ. Да потсетиме дека Заев денеска не го славеше овој голем историски ден за Македонците во Македонија, туку кукавички замина за Бугарија каде заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов го прославија овој голем семакедноски празник, Илинден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This