Што се случи: Луда Мара остана без вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луда Мара остана без вода, во прашање е опстанокот на животинскиот свет во реката, реагираа денеска екологистите од Кавадарци.

-Има многу малку вода во реката Луда Мара кај месноста Моклиште. Ние бевме на следење на состојбата со биодиверзитетот во реката. Се уште има преживеани рипчиња и ракчиња, но ако продолжи жешкото време, слаби се шансите за позитивен исход. Луѓето наводнуваат со водата од реката и тоа е тоа. Неопходно е веднаш да се преземат мерки, изјави за МИА, Роберто Паризов, претседател на Здружението „Еко-живот”.

Тој нагласи дека, според него, на Луда Мара и се случува еколошка катастрофа.

-Знам дека надлежните ќе речат дека се пушта биолошкиот минимум, но во месеците на голема жештина и наводнување, тој минимум треба да е многу поголем или да биде адаптиран за да има минимум вода, колку да се одржува биодиверзитетот на реката. Вака што се направи? Неколку дена нема доволно вода во коритото, раковите и рибите ќе изумрат, а се шири и неподнослива миризба, додаде Паризов, повикувајќи ги сите што можат да помогнат, да го сторат тоа, во интерес на реката и екологијата во Кавадарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This