ШТО СЕ СЛУЧУВА: Владата денеска не го усвои предлог – буџетот за 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска не го усвои предлог – буџетот за 2020-та година. Иако беше ставен на владина седница, документот се очекува да биде усвоен дури на следната седница наредната недела. Од Владата велат дека во ова нема ништо спорно и дека доцнење немало. Седницата се одржала, министрите ги презентирале буџетите во своите ресори и навеле за што ќе ги потрошат народните пари. Дебатата ќе продолжела следната недела.

Од опозицијата ја обвинија Владата дека доцни со усвојувањето на предлог буџетот. Пратеникот Антонио Милошоски на фејсбук напиша дека тоа можело да биде сигнал за два крупни недостатоци, дека Владата во предизборието немала јасен концепт за ефикасно искористување на парите и дека економскиот тим предводен од Вицепремиерот Анѓушев и министерката за финансии Ангеловска не знаел како да ги дефинира приоритетите.

„Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата “пиши, хартијата трпи се”. И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка.“

Се уште не се знае како министерството за финансии го скрои буџетот кога уште траат преговорите со СОНК и УПОЗ, па не е позната вкупната сума за исплата на плати во образованието и здравството. Сигурно е дека во буџетот за догодина ќе се слеат помалку пари од данок на личен доход, бидејќи министерката Ангеловска веќе најави дека прогресивниот данок се „замрзнува“ на 3 години. Таа уверуваше дека и покрај пониските приходи по овој основ, пари за социјала ќе има, но не наведе од кои даноци очекува да се наплати повеќе за да се надомести разликата во сумата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This