ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПСКИ АСУЦ: Xaос во училиштето, малтpeтирани и ученици и професори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското образование се соочува со големи проблеми, реформи нема, а во повеќето училишта ширум државата владее вистински хаос. И образованието се партизира, на раководните позиции во училиштата наместо професионален кадар, поставен е париски со што директно се влијае врз квалитетот на образование кој што го добиваат учениците.

Во јавноста се шират сериозни наводи поврзани со скандали кои се слушуваат во скопското стручно средно училиште „Боро Петрушевски“ АСУЦ. Почнувајќи од палми кои наводно служат за прочистување на воздухот до наводи за малтретирани ученици, знае ли градоначалникот Петре Шилегов што се случува во училиштето кое е под негова ингеренција?

Нашиот извор вели дека во училиштето владее вистинско самоволие на директорот. Не така одамна еден од учениците преживеал вистински пекол, ученикот бил опериран од сериозна болест, а бил малтретиран од  професор во училиштето кој доаѓа од друга држава. Од она што го знаеме настанот се случил надвор од наставата, а настаната состојба директорот наместо да ја разреши се обидел да ја разводни.

Од училишниот бучет биле набавени и палми кои наводно требало да го прочистуваат воздухот, нешто што е сосема нелогично. Во училштето проблеми има и со евиденцијата на часовите во дневниците, а изворот инсистира дека се слуваат и финансиски малверзации. Меѓу другото постојат наводи и за исплата на парични средства за вработување во учлиштето.

Целата состојба според нашиот извор кулминирала откако директорот го уништил хард дискот на кој се наоѓале доказите за несовесното и нечесно работење.

Покрај учениците проблеми во училиштето има и наставниот кадар кој според свиркачот е мета на мобинг, неретко во училиштето на професорите им се закануваат со отров, а се користат и навредливи зборови. Време е градоначалникот на Град Скопје сериозно да ги истражи овие наводи и да ги преиспита своите кадровски политики.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This