April 26, 2024, 10:23 am

Што се случува со денарот, и зошто недостасуваат 500 милиони евра од девизните резерви?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната банка на Р.Македонија, смирува дека состојбата со денарот е стабилна, а девизните резерви се на историско високо ниво, што не би требало да ги загрижува граѓаните од можна девалвација на вредноста на домашната валута.

Ова доаѓа по информациите дека денарот девалвирал во однос на еврото, откако неколку странски сајтови кои објавуваат менувачки курсови го рангираа денарот 62.07 денари за едно евро.

Од НБРМ одговорија на прашањата на Инфомакс, објаснувајќи дека Македонија не треба да стравува од девалвација, а дека негативните движење на пазарите кај нашите најголеми извозни партнери како Германија се веќе предвидени во проекцијата за идната година.

Дали стапката на инфлација која што наспроти проекциите на Народната Банка по она што го гледаме од Германија којашто е еден од главните економски партнери на Македонија во ЕУ, каде истата изнесува над 6 %, во нашиот случај ќе значи дека нема да имаме раст на БДП со оглед на фактот дека инфлацијата ќе го “изеде” растот?

При последните октомвриски проекции на Народната банка за домашната економија, земени се предвид овие трендови во однос на инфлациските движења и очекувањата за растот на нашите главни трговски партнери. Следствено, овие движења се вградени во нашите основни проекции за домашниот економски раст и домашната инфлација. Ризиците околу проекциите се од глобален карактер и се јасно комуницирани во нашите извештаи.

Што се случува со девизните резерви, истите во јуни месец изнесувале околу 4 милијарди евра, додека во ноември истите изнесуваат 500 милини евра помалку, според официјалните податоци на Народната Банка. Дали ова „топење“ на државните резерви има врска со енергетската криза и енормните цени на увезената струја кои што ги плаќа Македонија?

Промената на девизните резерви доминантно е движена од редовното сервисирање на обврските на државата кон странство (отплата на обврски во јули врз основа на издадена еврообврзница, согласно план на отплата). Ваквите движења, имајќи предвид дека се резултат на редовно сервисирање на обврските на државата, истите се очекувани и се земени предвид и во проекциите на Народната банка. Напоменуваме дека не станува збор за „топење“ на резервите, туку за очекувани, редовни движења.

Инаку, девизните резерви, како што во повеќе наврати нагласуваме, се на историски високо ниво кое тековно е двојно повисоко од нивото во текот на глобалната финансиска криза од 2008/9 година и ја гарантира стабилноста на домашната валута. Дополнително, новата алокација на специјални права на влечење придонесе за дополнително јакнење на резервите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This