Што содржела салатата „Македонија“ во рецепт од 1740 година?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога во Европа ќе се спомене салата „Македонија“, тоа веднаш асоцира на мешана овошна салата.

Но, името Македонија во кулинарството, првпат се употребило за зеленчукова салата од повеќе различни состојки, објави шпанскиот портал „Лилемус“.

Најраниот познат запис за салата „Македонија“ е од 1740 година и е поместен во книга посветена на францускиот принц Луј Огист де Бурбон. Таа содржела грашок, грав, боранија и моркови, била приготвена во путер и прелиена со бел сос, што пак, потсетува на она што денес го нарекуваме „руска салата“.

Се смета дека името „Македонија“ е инспирирано од Македонското Царство на Александар Велики, кое било составено од мешавина од многу народи. Тој, според изворите, сакал тој конгломерат од земји да се одликува со мултиетничност, мултикултурализам и рамноправност меѓу народите.
Извор:vesti24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This