Што ќе се одлучи?: Koмиcиjaтa зa зapaзни 6oлecти ќe pacпpaвa зa рaбoтнoтo вpeмe нa лoкaлитe зa пpaзницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното гостување во „Магазин“ министерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека за време на новогодишните и божикните празници граѓаните мора да внимаваат, бидејќи собирањата претставуваат голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери.

Филипче најави дека на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти за време на празниците.

„Сакам да упатам една порака до граѓаните, дека ова е еден голем ризик. Собирите за време на новогодишните празници се огромен ризик да се појават мини кластери кои дополнително ќе го оптеретат здравствениот систем. Ние предложивме да има дополнителни мерки и на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести ќе дискутираме за работно време на угостителските објекти“, вели Филипче.

Во однос на карантин и полициски час за време на празниците Филипче смета дека нема да има потреба бидејќи донесените мерки добро функционираат и веќе има намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците.

„Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но работното време на места на кои што може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците“, потенцира Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This