Штeлyвaни бpoјки? – Ce kpиe ли вистинckaта бpoјка на новозapaзени?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај смиреноста на здравствените власт во екот на новиот пик на епидемијата на коронавирус во Македонија граѓаните на своја кожа чувствуваат колку е алармантна ситуацијата по болниците ширум Македонија.

Кревети, велат граѓаните нема иако здравствените власти вчера ни одговорија дека се слободни околу 270 легла во болниците за Ковид пациенти.

Сомнеж во јавноста вечерва се појави и околу бројките на заразени со Ковид 19 во земјава откако болницата во Охрид и министерството за здравство објавија различни бројки на заразени со корона во градот Охрид.

Имено на официјалната Фејсбук страница на министерството за здравство денешниот биланс на новозазарени е 1264, а во градот Охрид дека бројката на новозаразени е 35.

Истата информација на Фејсбук ја објави и министерот за здравство Венко Филипче.

И се ќе беше во ред доколку Општата болница во Охрид не ги објавеше своите бројки на новозаразени според кои во изминатите 24 часа во Охрид се регистрирани 94 новозаболени од коронавирус.

Се поставува прашањето дали некој намерно сака да манипулира со бројките на заразени во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This