Штo ce cлyчyва? – Двајца македонски дипломати приведени во Србија, МНР молчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата недела на граничниот премин Прешево, на пат од Виена кон Македонија, полициската служба на Србија го задржала македонскиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, кој од неодамна извршува дипломатска служба во македонската мисија на ОБСЕ во главниот град на Австрија, пишува порталот МКД. Миленкоски потоа бил префрлен во Врање, каде пред неколку дена бил приведен и македонскиот дипломатски службеник С.С., кој дошол да се интересира за својот колега. Информациите ги потврдуваат повеќемина дипломати во македонското МНР кои велат дека станува збор за голем скандал, зад кој се тркала крими – приказна во која е инволвирана и Ерменија, а Интерпол води истрага.Информации за скандалот стигнаа и до „Независен“, но ниту МНР, ниту српската амбасада, ниту Министерството за внатрешни работи на Србија не ја потврдуваа информацијата, поточно не одговараа на мејловите и на телефонските пораки. Името на Миленкоски претходно се споменуваше во тепачки во амбасади, но и покрај тоа тој високо котираше во МНР.  

Според информациите на МКД, Србија практично постапила по барање на Ерменија која води постапка за случај од пред три години кога тројца наши дипломати, меѓу кои двајцата сега приведени, биле во таа земја, од каде отпатувале со приватен авионски лет, а во авионот се наоѓал и еден висок претставник на претходната ерменска власт гонет за проневера на големи суми на пари. Името на Миле Миленковски кој со автомобил од Виена патувал за Скопје, се појавило во регистерот на барани лица преку Интерпол.

Миле Миленковски е осомничен дека го организирал патувањето во Ереван заради  евакуација на високата ерменска личност, осомничена во неговата земја за злоупотреба на милиони евра.Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека истата е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија.

Извор: nezavisen.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This