Штo ce cлyчyвa co вakцинитe?: Штитeници нa дoмoви зa cтapи лицa вo Норвешка пoчинaлe oткaкo ja пpимилe вakцинaтa нa Фајзер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешката Агенција за лекови соопшти дека две лица кои биле штитеници на старски домови во земјата, починале неколку дена откако ја примиле вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот.

Отворена е истрага која треба да утврди дали постои врска меѓу смртните случаи и вакцинирањето и каква е таа, се додава во соопштението од регулаторното тело.

„Мораме да утврдиме дали вакцината е причина за смртта или се работи за коинциденција што тоа се случило кратко откако ја примиле вакцината,“ пишува медицинскиот директор на Агенцијата, Стајнер Мадсен во соопштението, во кое не се открива возраста и полот на починатите пациенти.

Тој додава и дека, поради тоа што луѓето во поодминати години се први што ја примаат вакцината во земјата, целосно е можно смртта на пациентите да е случајна. Околу 400 луѓе умираат секоја недела во домовите за стари лица во Норвешка.

Агенцијата, заедно со Националниот институт за јавно здравје, ги истражува смртните случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This