Штo ce cлyчyвa?: Hajмaлкy 80 yгинaти дeлфини нa бpeгoт нa Гана – вo тeк e иcтpaгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 80 делфини и поголем број риби се најдени угинати на неколку плажи близу главниот град на Гана – Акра, од петокот досега. Властите почнаа истрага.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт. Министерството за риболов соопшти дека се земени примероци од рибите и од водата за анализа.

Одборот за риболов соопшти дека биле пронајдени меѓу 80 и 100 угинати делфини.

Во февруари, исто така, беа пронајдени 111 мртви делфини на брегот на Мозамбик. Првичната истрага покажа дека е можно и други да бидат заробени поради ниската плима по циклонот „Гуамба“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This