Шokaнтнa cитyaциja: Ja пpoглacилe зa mpтвa пo зa6oлyвaњe co кopoнaвиpyc, 9 дена пo пoгpeбoт ce вpaтилa дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осумдесет и петгодишна жена од Мадрид, чие семејство било информирано дека починала од коронавирус, ги изненадила своите најблиски кога се вратила во старечкиот дом девет дена по „нејзиниот погреб“.

Како што објави Ројтерс, грешката настанал поради тоа што на семејството на Рогелиа Бланко им било пренесено дека таа починала од коронавирус, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да присуствуваат на погребот.

Сè започнало кога Бланко добила позитивен резултат на тестот за Ковид 19, па таа и другите заразени од домот каде што престојувале биле префрлени во друг дом специјализиран за лекување. Жената со која Рогелиа била заедно во собата починала, а по грешка биле евидентирани податоците на Бланко и за смртта било информирано нејзиното семејство.

Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живеел во истиот дом за стари лица.

-Не можев да поверувам. Жалев за смртта на мојата сопруга – изјавил Рамон за локалните медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This