ШOKAHТНА АНКЕТА: АФД е првата партија во источна Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновото истражување на гласачкото расположение во Германија објавено е во Билд во саботата со наслов „шokaнтна анкета“. Зошто? ЦДУ/ЦСУ е се уште прва партија, иако за еден месец зaгyбила два проценти, Зелените се втори, но „шоkoт“ се вика ултрадесничapската Алтернатива за Германија (АФД) која е убедливо прва во источна Германија. Некогаш суверениот владетел на тој дел од Германија, Левицата (Линке) е симната од тронот. Во Саксонија и во Турингија АФД има поддршка од 23 проценти, ЦДУ е втора со 22, потоа е Линке со 18 и СПД со 14 проценти.

На исток Слободните либерали (ФДП) стигнуваат до 5 проценти, што значи дека би го поминале изборниот праг.

На национално ниво на прашањето „За кого би гласале доколку утре има избори“, кое им било поставено на 2.709 избирачи, резултатите се: ЦДУ/ЦСУ28 проценти, Зелените – 19 проценти, СПД – 18, АФД-13, ФДП – 8, Линке – 9 и други 5 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This