Ѓоковиќ: Навикнати сме на ka3ни и caнkции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, го коментираше медиумскиот бојкот на Наоми Осака и нејзиното повлекување од Ролан Гарос, откако организаторот ја казни парично и се закани со дисквалификација.

Тие ги штитат своите интереси. Веќе сме навикнати на казни и санкции. Навикнати сме и на интервјуа по натпреварот, во кои често одговараме на истите прашања. Но, ова е дел од спортот, медиумите се многу важни за тенисот. Наоми е млада, порасна со социјалните мрежи и можноста да ги искажува своите мисли преку нејзините канали. Ја разбирам добро и ја поддржувам. Според мене, таа делуваше многу храбро. Жал ми е што сега минува низ болен период – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер и посака на Осака брзо да се врати на терените и да го надмине тешкиот период за неа.

Се надевам дека ќе се врати уште посилна – истакна Ѓоковиќ.

Осака се повлече од Ролан Гарос во првото коло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This