ЃОКО КОТЕВСКИ НА НОВА ФУНКЦИЈА: Ќе шефува во СДСМ Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ Зоран Заев назначи уште 40 нови претседатели на општински организации на партијата откако пред две недели беа назначени 30 претседатели.

Во вториот бран назначувања беа опфатени неколку поголеми градови во надворешноста. Со прилепската организација повторно ќе раководи Миле Талески. Битолската централа, пак, ќе ја води Златко Ќурчиевски, откако Васко Талески беше paзрешен и неодамна беше именуван за член на извршниот одбор на социјалдемократите. Со партиската организација во Велес ќе раководи Стево Крстевски, во Кичево таа задача ѝ е доделена на Габриела Ристовски, а во Струмица на Марјан Даскаловски.

Досегашниот прв човек на зaтвopoт во Шутка, Ѓоко Котевски, ќе раководи со партиската организација на СДСМ во општина Бутел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This