ЃОРЧЕВ ВО БЕЛАТА КУЌА: Одржа средби со низа соработниците на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влатко Ѓорчев кој е еден од потенцијалните кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја бара довербата од делегатите на партиската Конвенција закажана за 16 февруари во Струга, моментално се наоѓа во САД, каде имаше средба со повеќе сенатори и соработници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ѓорчев на социјалните мрежи објави фотографии од неговите средби.

“Се сретнав со двајцата најгледани ТВ водители во САД Tucker Carlson и Sean Hannity од Fox News, убедливо најгледаната информативна ТВ во САД.Светот мора да ја слушне македонската вистина и македонските аргументи.  Светот мора да ги слушне Македонците за подобро да ги разбере. Контактите и пријателствата кои сега се градат следната година ќе бидат основа на настапи и интервјуа на Fox News. Како претседател на Македонија ќе ги кажувам македонските позиции на CNN, Fox News, BBC, Euronews, Deutsche Welle, France 24, за главните светски весници. Sean Hannity и Tucker Carlson се исклучително блиски до претседателот на САД Donald J. Trump, а секој од нив имал најмалку 5 интервјуа со претседателот Доналд Трамп, како и десетици интервјуа со неговите најблиски соработници. Откако стана претседател, Трамп има дадено 41 интервју за Фокс Њуз, како и десетици други додека беше кандидат за претседател на САД. Македонија МОРА секаде да има отворени врати.  Ни треба претседател кој СИЛНО ќе претставува Македонија во светот. Ќе бидам гласот на Македонија во светот. Македонија засекогаш!”, напиша Ѓорчев на Инстаграм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This