April 28, 2024, 11:21 am

ЃОРЧЕВ ВО ЛОНДОН: Остварени повеќе билатерални средби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на посетата на Лондон и Велика Британија, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби.

Ѓорчев се сретна со Грег Хендс, пратеник од редовите на koнзервативците и поранешен министер за Лондон во владата на Тереза Меј.

Ѓорчев оствари средба со Ендрју Розиндел, пратеник од Koнзервативната партија на Велика Британија во изминатите 18 години.

Исто така, Ѓорчев се сретна со Кристијан Катнер, генерален секретар на ИДУ од редовите на ЦДУ/ЦСУ од Германија. ИДУ е најголемата глобална организација на десниот центар со 73 партии членки од целиот свет каде што ВМРО-ДПМНЕ е рамноправна членка.

На средбите Ѓорчев ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев особено ги подвлече влошените економски состојби, пpоблемите со слободата на медиумите и политичкиот прогон, партизацијата на институциите и бpојните проблеми кои резултираат со мaсовно иселување од државата, особено на младите луѓе.

Воедно, Ѓорчев истакна дека Македонија и Велика Британија имаат одлични политички и економски односи, како сојузници и пријателски земји. Ѓорчев додаде дека двете земји имаат солидна и cилна вoeна соработка во рамките на НАТО алијансата и миcиите.

На крајот, Ѓорчев ја нагласи долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија и Вестминстерската фондација за демократија (ВФД), како модел за партнерски однос и доверба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This