ЃОРЧЕВ ДО АДЕМИ: Која е бројката запишани ученици во основните и средните училишта во Македонија за учебната 2019/2020?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница истакна дека како и досега пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржува учеството на Македонија во меѓународни мисии какошто е вклучена и во онаа на НАТО.

Имено тој рече дека токму затоа сите пратеници гласаат да се овозможи интероперабилност на нашите единици со оние од НАТО земјите, билатерална соработка и вклученост на Македонија со меѓународните структури.

Пратеникот Ѓорчев на денешната собраниска седница упати неколку прашања до министерот за образование, Арбер Адеми кои се однесуваат на фундаменталното функционирање, битисување и постоењето на основните училишта.

-Кој е бројот на запишени учениците во основно образование во првиот уписен рок? Бројките коишто ги видовме се алармантни и катастрофални. Имаме ситиуација каде поради огромното иселување, поради невидениот егзодус од Македонија, поради лошите политики на Зоран Заев, лошите економски политики н владата се иселуваат цели семејства и затоа имаме ситуација кадешто цели училишта подрачни треба да се затворат. Таква ситуација имаме и во Источна Македонија и во Западна Македонија, во Повардарието, во Полошко, во Липковско.

Другото прашање на пратеникот Ѓорчев до министерот Адеми се однесуваше на тоа на која бројка на ученици вкупно во основно образование сметаат за учебната 2019/2020 година?

Тој потсети дека до пред некоја година вкупниот бројот на ученици во основно образование, беше околу 190.000 ученици, и сега таа бројка рапидно оди надоле затоашто се иселуваат цели семејства.
Пратеникот Ѓорчев рече дека конечните бројки ќе се добијат во септември, но побара да се видат кои се прелиминарните бројки врз основа на првиот уписен рок во месец мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This