ЃОРЧЕВ И СЛАВЕВСКИ ОД ТЕТОВО: Секој град и секое село се важни, мора да допреме до секој човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески и Влатко Ѓорчев беа во посета на Тетово.

За време на своето обраќање професорот Славески истакна дека економските политики на владата на Заев очигледно не даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ подготвува сериозна програма во која приоритет ќе имаат економијата, инвестициите и животниот стандард – подвлече Славески.

Влатко Ѓорчев во своето обраќање истака:

Забрзано паѓа рејтингот на Владата на Заев, а расте довербата кон Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека мораме да бидеме подготвени да ја преземеме одговорноста и мораме да ја вратиме надежта во Македонија.

Довербата на народот и растечкиот рејтинг ја прави ВМРО-ДПМНЕ водечка партија во Македонија. Силното и снажно ВМРО-ДПМНЕ, со солиден коалиционен потенцијал, во следниоте години повторно ќе биде централната политичка сила во државата – додаде Ѓорчев.

Очигледно дека Владата на Заев ја нема поддршката од народот. Затоа треба забрзано и секојдневно да се подготвуваме за следните избори. Треба да допреме до секое село, до секој град, затоа што секој човек е важен, заклучи Ѓорчев.

На крајот, Ѓорчев и Славески на присутните им ја честитаа Новата година, со желби за здравје и успех.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This