ЃОРЧЕВ: Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ оваа година, иако државата има бројни пpoблеми поради политиките на актуелната влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, оствари средби со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.

Ѓорчев изрази благодарност до премиерот Бетел затоа што е пријател и поддржувач на Македонија. Премиерот Бетел се осврна на својот политички ангажнан во младинските организации и контактите со либералните сестрински партии во Македонија.

Како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ Ѓорчев побара поддршка од премиерот Бетел за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и отпочнување на преговори со ЕУ. Ѓорчев истакна дека Луксембург е долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, така што секоја поддршка за Македонија е позитивна и добродојдена.

Претседателот на ЕПП Жозеф Дол имаше обраќање пред пратениците на ЕПП во ПС на ОБСЕ, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Дол информираше за изборот на новата Европска комисија и другите актуелности во ЕУ.

Пратеникот Ѓорчев во својата дискусија и обраќање до претседателот Дол побара да продолжи политиката на отворени врати на ЕУ, со порака дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ оваа година, иако државата има бројни пpoблеми поради политиките на актуелната влада.

Воедно, Ѓорчев имаше осврт за актуелните состојби во Македонија, информирајќи ги пратениците на ЕПП за бројните проблеми и растечко незадовooлство кај граѓаните на Македонија.

Претседателот Дол нагласи внимателно ги следи состојбите во Маледонија и на Балканот, како и дека ЕПП ќе продолжи да го поддржува проширувањето на ЕУ и дека тој како претседател на ЕПП силно се залага за тој процес, со силен фокус и анализа на состојбите во земјите кандидати.

Воедно, Дол и Ѓорчев заеднички го поздравивија изборот на Урсула фон дер Лејен од редовите на ЦДУ и ЕПП за претседател на ЕПП.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, оствари средби со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.

Ѓорчев изрази благодарност до премиерот Бетел затоа што е пријател и поддржувач на Македонија.  Премиерот Бетел се осврна на својот политички ангажнан во младинските организации и контактите со либералните сестрински партии во Македонија.

Како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ Ѓорчев побара поддршка од премиерот Бетел за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и отпочнување на преговори со ЕУ.  Ѓорчев истакна дека Луксембург е долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, така што секоја поддршка за Македонија е позитивна и добродојдена.

Претседателот на ЕПП Жозеф Дол имаше обраќање пред пратениците на ЕПП во ПС на ОБСЕ, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Дол информираше за изборот на новата Европска комисија и другите актуелности во ЕУ.

Пратеникот Ѓорчев во својата дискусија и обраќање до претседателот Дол побара да продолжи политиката на отворени врати на ЕУ, со порака дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ оваа година, иако државата има бројни проблеми поради политиките на актуелната влада.

Воедно, Ѓорчев имаше осврт за актуелните состојби во Македонија, информирајќи ги пратениците на ЕПП за бројните пpoблеми и растечко незадовooлство кај граѓаните на Македонија.

Претседателот Дол нагласи внимателно ги следи состојбите во Маледонија и на Балканот, како и дека ЕПП ќе продолжи да го поддржува проширувањето на ЕУ и дека тој како претседател на ЕПП силно се залага за тој процес, со силен фокус и анализа на состојбите во земјите кандидати.

Воедно, Дол и Ѓорчев заеднички го поздравивија изборот на Урсула фон дер Лејен од редовите на ЦДУ и ЕПП за претседател на ЕПП.

Средби со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и претседателот на EPP – European People's Party Joseph Daul….

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Saturday, July 6, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This