Ѓорѓиевски: За опожарените парична помош и привремено сместување ако е потребно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веднаш по информацијата за пожар во стан во населбата Бирарија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пристигна пред зградата каде што се случила несреќата. Од присутните соседи и од пожарникарите се информираше за повредените лица кои беа евакуирани и пренесени во болница. Се работи за жена кој во била во станот каде што избил пожарот и девојка од станот над неа која вдишала поголема количина на чад.

-Се надевам дека се работи за полесни повреди и дека двете жени брзо ќе се опорават, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека ако жената во чиј стан настанал пожарот во моментов нема каде да се смести, ќе и биде обезбедено сместување. Воедно, од страна на општина Кисела Вода ќе и биде доделена еднократна парична помош.

-За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This