Ѓорѓија Пулевски или Хајан Селмани: МЗ Галичник предлага решение за името на ОУ во Ростуше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Месната заедница Галичник смета дека Одлуката на Советот на Општина Маврово и Ростуше за преименување на основното училиште во Ростуше од „Ѓорѓија Пулевски“ во „Хајан Селмани“ има формални недостатоци (предлогот за нејзино донесување не е поднесен од овластен предлагач согласно Законот за локална самоуправа, анкетата не е спроведена, односно не е поддржана од потребен број избирачи од општината) и ќе ја оспори, информира денеска Месната заедница Галичник.

Во суштина сме вознемирени од идејата ова училиште, во центарот на Мијачијата, од каде што потекнува Пулевски, да се лиши од неговото име. Истовремено, убедени сме дека соодветна институција или објект треба да го носи името на Хајан Селмани. Се плашиме дека пошироката јавност по овој чин може да стекне впечаток дека населението во општината не се идентификува со ликот и делото на Ѓорѓија Пулевски, во што не сакаме да веруваме, образложуваат од МЗ Галичник стои во сооптението испратено до медиумите.

Оттаму предлагаат училиштето во Ростуше да го задржи името „Ѓорѓија Пулевски“, а да се иницира името на Хајан Селмани да се стави на друга општинска институција.

Во селото Жировница има гимназија која го носи името „Јосип Броз Тит“о, а во Ростуше има спортска сала која се вика „Партизан“. Промената на некое од овие имиња не задира толку длабоко во корените на националниот идентитет. Од друа страна, иницираме името на Хајан Селмани да се овековечи ставајќи го на институција на централно ниво од областа на информатичката технологија или претприемништво, да се воведе државна награда со неговото име која ќе се доделува секоја година за посебни заслуги во областа на информатичката технологија или претприемништвото, да се основа фондација со неговото име, предлага МЗ Галичник.

Кој е Ѓорѓија Пулевски?


Ѓорѓија Пулевски веројатно е фигура која како ниедна друга придонесла кон создавање на македонското национално ткиво и кохезија.

Како најзнаменит македонски револуционер, војвода, преродбеник, поет, учебникар, лексикограф, граматичар, фолклорист, историчар, меѓнички идеолог на македонското национално будење, Македонецот кој прв ја дефинираше македонската нација, порано и од народите кои создадоа свои независни држави. Пулевски е роден во почетокот на 19 век во преродбенскиот Галичник, околу 1821 година, и тој е најизразитиот, најплодниот и несомнено најголемиот македонист, кој освен пушката, го зграбил и перото согледувајќи дека македонскиот јазик е основниот темелен фактор за афирмација на Македонија и на македонскиот народ, како посебен народ во големото семејство на балканските народи. Воден од таа идеја и размисла, нанижа ненадминати капитални делакако првите македонски речници: Речник од четири јазика, Речник од три јазика, стихозбирките „Македонска песнарка“ и „Самовила македонска“, првата македонска граматика „Слогница речовска“, првата македонска општа историја од 1668 ракописни страници.Непубликувани и скриени неговите ракописни текстови остануваат: Родословница, Народна песнословница, Буквар, Обичаи и песни и многу други. Учествувал во сите востанија и буни за ослободување на поробените народи под турското ропство, во Руско-турската војна и во Кресненското востание како началник на штаб, секогаш имајќи го предвид ослободувањето на Македонија, но и фактот дека не треба залудно да гинат македонските синови, зашто треба да се чуваат за конечното самостојно ослободување на Македонија без соседските интриги и подметнувања. Фактот што потекнува од Мијачијата е сам по себе доволен основ неговото име да го носи токму основно училиште во таа област!

Кој е Хајан Селмани?


Од друга страна, Хајан Селмани е еден од најзначајните современи македонски претприемачи, родум од Велебрдо, кој, за жал, прерано нè напушти, а имаше уште многу да каже. Создал и развил компанија за изработка и инженерство на програмска опрема и иновативни софтверски решенија пласирани на пазари низ целиот свет.

Селмани бил и познат филантроп и мотивациски говорник со бројни предавања одржани на теми поврзани со претприемништво, технологија, водство и мотивација. Добитник е на титулата Microsoft MVP (Most Valuable Professional) – почесна титула којашто Microsoft ја доделува на технолошки лидери и експерти низ цел свет со цел да им заблагодари и да покаже почит и внимание кон нив за достигнувањата и залагањата коишто ги прават во заедницата, пред сè со фокус на технологијата за која што се наградени со оваа титула.

Со неговото дело и неговиот успех се идентификува посебно помладата популација кај која со своите мудри изреки разбуди надеж.

Несомнено е дека Селмани заслужува неговото име и дело да бидат запаметени, и со него како со еден прекрасен пример од новата македонска историја да се идентификуваме сите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This