Јакимовски до Богоев: „Камен да беше, ќе се помрднеше“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Камен да беше, ќе се помрднеше“

Гледам пуштил некое соопштение градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кој е во хибернација скоро три години. Причината за соопштението е прес конференцијата на претседателот на ОК Карпош на ВМРО ДПМНЕ господинот Тони Јаревски, а во врска со наводниот парк покрај кејот на Вардар кој го чекаме сиве овие години. Никој не му брани, а и треба да направи парк. Тоа е најлесното израмнија површината и стави пола метро земја, насади дрва и трева и готово ете го паркот, пишува на фејсбук ретседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ – Стевчо Јакимовски

Но, зошто копа дупки 10 метра длабоки и ги полни со градежен шут и метален отпад? Три години молчиме, еден збор не сме кажале против него и неговото неработење. Го третираме како недоносенче да узрее во инкубаторот што се вика Општина Крапош, а тој пак уште фрла чифтиња. Три години ги трпиме неговите лаги и неспособност и уште денеска во соопштението на пресот кој го одржал Јаревски вели: Преку Тони Јаревски зборува Стевчо Јакимовски.

Не бе деца!

За Стевчо Јакимовски зборуваат 45 километри канализации и водоводи, 170 километри асвалтирани улици, 350 километри рабници и тротоари, 4600 нови канделабри, 6 нови плоштади меѓу кои Млечен ресторан на кој Богоев до вчера возеше точаче на три тркала, десетте од корен реконструирани училишта, седумте реновирани градинки и двете отпочнати, 54 термо фасади, заменетите кровови и лифтови, осветлените спортски терени, уреден кеј на Вардар од железен мост во Хром до Градски парк, детски игралишта и што ли уште не. Преку Стевчо Јакимовски зборуваат и четирите меѓународни престижни награди и една победа на избори сам против сите. Преку ова претходново зборува Стевчо Јакимовски а кој зборува преку Стефан Богоев?

Одговорот е едноставен. Преку Стефан Богоев зборува пијаниот секретар и шеф на кабинет, корумпираната му даска, рекетарскиот кум и еден куп такви другари, куплерајот по месни заедници и општинските тоалети. Преку Стефан Богоев зборува тригодишното неработење, незнаење, арогантност и лажење. Преку Стефан Богоев зборува “Кантер Страјкот” и останатите игрици, но зборуваат и незадоволните граѓани од неостварените ветувања.

Три години камен да беше ќе се помрднеше, а не млад човек. Не незнам како не се срами на први кога ќе земе илјада евра плата, секој нормален човек би се запрашал што сработив јас за овие пари и која услуга ја дадов на граѓаните што ме избраа. Сето ова го трпиме три години без збор да кажеме, ај што не работи – не работи, што незнае – незнае, што е безидеен – безидеен е ама и кога кака и прља треба ли да му молчиме? Да молчиме и кога инспекторите ќе тргнат да ги гонат тие што фрлале шут, а тие им се јавуваат да се вратат назад? Ако молчат тие што не треба да молчат, народот нема зошто да молчи. Кога го прозива Тони Јаревски незнам зошто го спомнува нивниот вечен комлекс, Стевчо Јакимовски.

Не ми е јасно што толку се жести кога го прозиваат за тој парк што тој се фали дека го правел кога паркот го прави Петре Шилегов и градот Скопје, а не тој. Стефан Богоев треба да внимава камионџиите да не му копаат песок и да фралаат градежен шут и друг отпад во паркот во изградба. Тој таа работа не си ја завршил и пак кој му е крив што за неговата неодговорност и неработење? Нормално, Стевчо Јакимовски. Но, како и да е ние и натаму нема да му пречиме, нема да го напаѓаме ќе го оставиме да покаже што може. Очигледно не било лесно да се води општина како Карпош поготово не за дете што во животот никогаш не станало сабајле да купи леб и млеко.
п.с. Булевар Теодосиј Гологанов му го средивме Тип-Топ, Партизански Одреди ја направивме цветна градина, го изградивме Булеварот Илинден, а тие решија да направат едно паркче и ја оплескаа па му биле криви Тони Јаревски и Стевчо Јакимовски.
Уште 16 месеци и карпошани ќе си дојдат по своето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This