Јакимовски: Нашата цел е да направиме нови 200.000 м2 парковски зеленила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нашата цел е да направиме нови 200.000 м2 парковски зеленила“, истакна Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Јакимовски додаде дека скоро сите 200 и неколку улици се реконструирани, решени инфраструктурно, значи и со атмосферски канализации.

„Карпош како треба да се развива, според мене општината Карпош засега инфраструктурно е солидно решена. Ако се земе од аспект на сообраќајот. Значи поврзаноста на главните улици, главните артерии се „Теодосиј Гологанов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Осми Септември“, улицата „Рузвелтова“, „Московска“ со „Љубљанска“ и секако улицата „Козле“ и улицата „Скупи“. Значи ние север – југ имаме одлична комуникација, како и исток – запад. Од друга страна имаме потреба овој временски период за разубавување на општината, за подигање на енергетската ефикасност, за изградба на нови паркови, за разубавување на тие паркови. Мојата идеја е да отвориме уште еден цел простор покрај кејот на реката Вардар и на самиот кеј, појасни Јакимовски.

Јакимовски најави дека во текот на утрешниот ден ќе презентира проект како да се разубави кејот покрај реката Вардар, ролерската патека да се направи велосипедска патека, да се направи тревник со хортикултурно уредување, со урбана опрема, тартан стаза, пешачка стаза со урбана опрема со фонтани и цветни аранжмани, како и паркови на земјиштето помеѓу бунарите на Лепенец па се до Александар Палас, кое е во државна сопственост.

„Целиот тој дел ќе биде едно огромно шеталиште, односно како што стручно се вика, Д3, заштитно зеленило. Нашата цел е да направиме нови 200.000 м2 парковски зеленила, слично на она што го направивме со господинот Трајановски од министерството за економија па се до Реплек“, појасни Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This