April 30, 2024, 12:36 pm

ЈАКИМОВСКИ: Сакам јасно да порачам дека ГРОМ дали јас ќе бидам жив или мртов нема да излезе на овој референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финансиската полиција веќе три месеци ги третира вработените од Општина Карпош, особено оние кои се во Секторот за јавни набавки и Комисијата за јавни набавки, како некој не би прифатил да посведочи дека за еден предмет не е земена банкарска гаранција, дека тоа наводно било направено под мој притисок, истакна поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во чиј дом попладнево Финансиската полиција врши претрес.

-Сите до еден кажуваат дека таа работа нема никаква врска со градоаначлникот ниту пак јас имам било каква врска со банкарската гаранција. Во вториот случај фирма која не го испочитувала договорот, сме го раскинале договор, сме ги дале на суд за надомест на штета. Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција, но и во едниот и во другиот случај нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник. Во првите два случаи се работи за општинските бараки со фирма со која пет години сме на суд и ние не можеме да се добраниме од нападите на таа фирма. Сега очигледно е дека се здружиле заедно, со Финансиската полиција и судството. Им стоиме на располагање за се штo треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа, вели Јакимовски.

Тој смета дека денешниот претрес во неговиот ден е политички притисок пред претстојниот референдум.

-Тоа е причината. Политички притисок пред референдумот и се она за што тие ни се закануваат наназад веќе пет години, но сакам јасно да порачам дека ГРОМ дали јас ќе бидам жив или мртов нема да излезе на овој референдум. Посготвен сум сите проблеми кои ќе ми ги прават стоечки да ги издржам и сметам дека ова е една ненародна власт која се здружила со криминалци за наводно да брка криминал за работи за кои апсолутно нема никаква врска со мене како градоначалник, нагласи Јакимовски.

Тој појасни дека како градоначалник потпишува одлука за избор на најповолен понудувач и договор со фирмата, која врз основа на тоа оди во банката за да земе банкарска гаранција.

-Не сте крив затоа што сте крив, туку сте крив зошто треба да бидете крив. Очигледно на оваа власт и требаат виновници за нејзините неуспешни политики. Тие денес се овде во мојот дом, во домот на моите деца, во домот каде претходно сум живеел. Мене ми е жал што морам на македонската јавност да и соопштам дека ме известија дека од судството е напишано решение за мое спроведување, нагласи Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This