ЈАКИМОВСКИ: Со новиот закон за јавно обвинитeлcтво ќе се врзат рацете на правocyдниот систем, за да некој се извлече од одговopност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевче Јакимовски, претседател на „Гром“ гостуваше на емисијата „Само вистина“ при што посочи дека Законот за Јавно обвинителство треба да се креира со помош на експертите, и оти не може ваков закон да се донесе преку ноќ.

Дали денес Македонија е правна држава? Ако Законот за СЈО вели дека СЈО ќе постои три години, има точно утврдено. Но се ова што правиме не е правна држава. Правната држава вели по 3 години СЈО завршува. Зошто сега правиме неправна држава, запраша Јакимовски.

Јакимовски додаде дека сега се оди до тоа да се смисли друг закон за да продолжи мандатот на СЈО. Но ако е утврдено нешто со закон, тогаш законот треба да се почитува. Се ова сега што се случува не е правна држава.

Како можеме ние да речеме од СЈО да пренесеме кадри кои и така на неселективен начин се избрани? И згора на тоа многу партизирани луѓе. И ние практично треба да претвориме еден сериозен дел од одделот за организиран криминал во готово партизирано обвинителство. Тоа ќе преставува на долг рок многу сериозен проблем, истакна Јакимовски.

Јакимовски појасни дека клучот е да се направи Закон за Јавно обвинителство онаков како што ќе биде потребен на државата. Да не бидат врзани рацете на обвинителите. Да не бидат врзани рацете на правосудниот систем, но во ниеден случај не значи дека некој може да стане центар на отуѓена моќ. СЈО се виде како стана центар на отуѓена моќ без никаква контрола и се виде што се случи на државата.

Ние минатата година ова време ако се сеќавате ги гласавме уставните амандмани и рековме е сега веќе ние само со економија ќе се занимаваме. Ама ние никако да се извлечеме од политиката. И што ни треба сега оваа политика да се кршат толку политичките копја, токму сега кога имаме причина да распишеме нови парламентарни избори, токму како резултат на тоа што еден проект кој што се гураше очигледно дојде до едно ниво и тој проект очигледно дека треба да побара верификација од граѓаните. Односно граѓаните да кажат дали ова што СДСМ досега го тераше е во ред и ќе добијат поддршка понатаму да продолжат во таа насока или тоа ќе биде стопирано, рече Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека за Законот за Јавно обвинителство треба да седнат експерти да посочат како да се креира за да биде во корист на граѓаните, овој закон не е услов за нешто па да се брза со донесување.
Никој не треба да бега од одговорност. И никој нема да избега од одговорност особено за оние кривични дела за кои што зборуваме, посочи Јакимовски.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This